Top Sport

Шпанците тврдат: ПСЖ е катарски клуб, треба да биде исфрлен од ЛШ

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ тврди дека шпанската прва лига Ла лига се надева дека ќе ја убеди УЕФА да го исфрли Пари Сен-Жермен од Лигата на шампионите уште ова лето.

Хавиер Тебас, претседателот на Ла лига, и претходно најави дека ќе бара казна за ПСЖ за трансферот на Нејмар од Барселона вреден 222 милиони евра, бидејќи со тоа се прекршиле правилата за финансиски фер-плеј. Ла лига на 22 август поднесе поставка пред УЕФА за однесувањето на клубот во сопственост на катарските милијардери, со која сака да се докаже дека тимот е во сопственост на државата Катар.

„Видовме дека ПСЖ и Манчестер сити инвестираа многу повеќе од било кој друг клуб во последните пет години. Нивниот приход не може да ги оправда овие инвестиции, така што постојат фиктивни спонзори, поврзани со државата Катар, со суми повисоки од тие на клубови како Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид или Манчестер јунајтед. Приходите доаѓаат индиректно од државта Катар со што ПСЖ прави економска измама“, се вели во жалбата на Ла лига.

Во извештајот од 44 страници, Ла лига тврди дека ПСЖ инвестирале 344 милиони евра во 2014, во споредба со 237 милиони на Манчестер јунајтед, 224 милиони евра на Реал Мадрид и 185 милиони евра на Барселона. Од ТВ правата, ПСЖ заработуваат далеку помалку од Реал Мадрид – 47 во споредба со 121 милиони долари.

„Л’Екип“ исто така тврди дека Тебас нема да се откаже дури и УЕФА да го отфрли нивното барање – и дека ќе оди до институциите на Европската Унија.

„Ќе видиме до крајот на годината. Ако ништо не се случи, одиме пред ЕУ, бидејќи ова не смее да се дозволи да продолжи. Ако се виновни, нема да играат во Лигата на шампионите“, вели Тебас.

Scroll to Top