Top Sport

Шпанците загрижени – Де Хеа со една одбрана во три натпревари

Првиот натпревар на Шпанија на Мундијалот во Русија предизвика многу дискусија околу формата на голманот Давид де Хеа, откако тој имаше низа грешки, а тешкото реми 2:2 против Мароко само ги зголеми дилемите, тврди шпанскиот спортски весник „Марка“.

Во првиот меч, Де Хеа прими три гола од исто толку удари и направи една катастрофална грешка по слаб удар на Кристијано Роналдо. Во победата над Иран, Де Хеа немаше многу работа и не се соочи со ниту еден удар на противниците, за против Мароко да се врати „нестабилната“ форма.

Халид Бутаиб првиот гол за Мароко (по грешката на Рамос и Иниеста) го постигна со удар меѓу нозете на Де Хеа. Само 11 минути подоцна, во слична позиција голманот на Манчестер јунајтед одбрани, што останува неговата единствена одбрана на Мундијалот, по неверојатни 205 минути игра. Сепак, одбраната беше многу значајна, бидејќи се случи при 1:1, иако тоа не ја крена довербата на „фуријата.

Среќата беше на страната на Де Хеа, кога ударот на Нордин Амрабат заврши во дирекот, но Јусеф Ел Несири успеа да постигне гол во четвртиот удар на африканската репрезентација на голот. Со ова, Де Хеа има седум удари во три натпревари и една одбрана. И илјада сомнежи…

Фото: ЕПА

Scroll to Top