Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, поради повреда нема да игра на пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина.
Рамос почувствувал болка на дуелот со Хрватска во Загреб, н и покај тоа го одиграл целиот натпревар, а успеа и да постигне гол, кога во 78.минута од пенал го совлада Ловре Калиниќ.
Меѓутоа веднаш по завршувањето на натпреварот Рамос му соопштил на селекторот Луис Енрике дека не се чувствува добро. Капитенот веќе ја напуштил репрезентацијата и се вратил во Мадрид.
Наводно, Рамос, неколку недели имал проблеми со повредата, но во изминатиот период не пропуштил ниту еден натпревар.
Сега е неизвесно дали на 24.ноември ќе биде во составот на Реал на натпреварот против Еибар.
Шпанија ќе ја пречека Босна и Херцеговина, в недела од 20:45 часот, во Лас Палмас.