Top Sport

(Видео) Шпанија по продолженија подобра од Франција за олимписко злато

Фудбалски владетел во 2024 година е – Шпанија! По освојувањето на Европското првенство во Германија, таа триумфираше и на Олимписките игри. Спектакуларното финале во Париз беше решено со победа од 5:3 против Франција, по продолженијата.

Головите за триумф ги постигна Серхио Камељо во 100. и 120. минута.

Легендарниот Тиери Анри не успеа да ја одведе Франција до олимпиското злато, иако неговиот тим рано поведе и во финишот откако ја предводеше Шпанија со 3:1 до изедначување и продолженија.

Scroll to Top