Top Sport

Шпанија и Португалија ќе се борат за титулата во футсал (Видео)

Португалија и Шпанија ќе се борат за титулата на Европското првенство во футсал што се одржува во Словенија. Репрезентациите од Пиринејскиот полуостров одиграа трилер мечеви во полуфиналето против опонентите Русија, односно Казахстан.

Португалија успеа да ја совлада Русија 3:2, во натпревар во кој судиите им беа наклонети на Португалците.

Едер Лима по четири минути игра и донесе предност на Русија, а тоа беше и резултат по првото полувреме. Веднаш на стартот на вториот дел Андре Коељо ја казни грешката во одбраната на Русија и израмни на 1-1. Истиот играч десет минути подоцна направи пресврт и донсе водство за Португалија 2-1.

Прашање е што ќе се случуваше доколку судиите свиреа фаул по очигледниот прекршок врз Робињо, бидејќи тоа ќе беше шестти фаул и Русите ќе добиеја пенал. Ист така судиите не го казнија играњето со рака надвор од голманскиот простор на Португалецот Соуза. Од таа акција Коељо погоди за 3-1. До крајот Русите преку Лима само го ублажија поразот.

Вистинкса драма која беше решена дури по изведувањето на пенали беше видена во пресметката помеѓу бранителот на титулата Шпанија и „бронзената“ селекција од последното ЕП, Казахстан.

Во најдобриот натпревар на турнирот беа видени неколку пресврти, драма во финишот која донесе израмнувачки гол за Касахстан и потоа продоклженија. Во дополнителните 10 минути двете репрезентации постигнаа по еден гол, па победникот го решија пеналите. Тука Шпанија беше подобра и со 3-1 во пенал серијата се пласира во своето деветто финале.

Казахстанците одиграа храбро, но во финишот немаа сили да му се спротивстават на европскиот шампион. Водеа со 0-1, потоа Шпанците направија пресврт до полувремето за 2-1. Во вториот дел Казахстан возврати со иста мерка и со головите на голманот Игита и Такау поведе со 2-3.

Возврати „фуријата“ со два гола за 60 секунди преку Хоселито во 34. и Пола во 35.минута. Продолженија за Казахстан обезбеди Жуниор во последната минута.

Во продолженијата Мигуелин не реализира пенал, но успеа да го освлада Игита во 43.минута за предност на Шпанија 5-4. Резултатот го израмни Жаманкулов во 48.минута.

Во пенал рулетот тројцатта изведувачи кај Шпанија беа прецизни (Мигуелин, Ортиз и Лин), додека Тајнан не погоди за Казахстан.

Шпанија ќе игра во своето деветто финале и ќе се бори за својата осма титула. Шпанците само во 2003 и 2014 година не играле во финалето, тогаш биле „бронзени“. Португалија од друга страна втор пат е во финалето. Во 2010 година Португалија загуби од Шпанија.

Финалето е на програмата в сабота од 20:45 часот, а претходно од 18 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.

Scroll to Top