Top Sport

Шпанската Ла лига воведува ВАР следната сезона

Ла лига има планови да воведе видео-помош за судиите (ВАР) следната сезона, потврди претседателот на лигата, Хавиер Тебас.

Шпанската прва лига е единствена од европските топ 5 лиги која досега се противеше на користењето на линиската технологија за одредување дали топката влегла во голот. ВАР е покомплициран систем со кој може да се одредуваат головите, црвените картони, пеналите, како и грешките на судиите.

Минатата сезона на пример, Барселона постигна гол кој и беше поништен иако ТВ-снимките јасно покажуваа дека топката ја минала линијата при 1:1 ремито со Бетис.

„Следната сезона ќе имаме ВАР во Ла лига, тоа е сигурно. Технологијата се поставува и тестира, така што наскоро ќе бидеме подготвени“, вели Тебас.

Според „Марка“, технологијата ќе биде тестирана во Кралскиот куп меѓу Атлетико Мадрид и Елче на 29 ноември.

ВАР веќе се користи во германската Бундеслига, во Италија и во Португалија, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави користење на системот на СП во Русија, иако ова уште не е потврдено.

Во Германија искуството досега беше контроверзно, како што може да прочитате подолу.

Фијаско на видео-судењето во Бундеслигата

Scroll to Top