Во екот на пандемијата на коронавирусот во Шпанија е донесена мерка за регулирање на платите на вработените (ЕРТЕ) додека трае вонредната ситуација.
Неколку клубови влегле во системот ЕРТЕ, поради што нивните активности сега се наоѓаат под посебен мониторинг на владата.
Меѓу осумте клубови кои го активирале ЕРТЕ се наоѓаат и Барселона и Атлетико Мадрид, а под засилен мониторинг ќе бидат и Алавас, Гранада, Осасуна, Еспањол, Валенсија и Севилја.
Овоие клубови си овозможеле да добијат одредени придобивки кога им ги намалиле платите на вработените, поради што ќе имаат засилена инспекција од владините органи кога ќе ги започнат активностите на трансфер-пазарот.
Останатите клубови меѓу кои е и Реал Мадрид не го активирале ЕРТЕ туку намалувањето на платите го спровеле така шти ги користеле своите ресурси, поради што тие нема да бидат под мониторинг на министерството на финансии.