Шпанскиот суд побарал максимална затворска казна за ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.
Поранешниот играч на Атлетик Билбао и Сарагоса заедно со уште 35 лица е обвинет дека во 2011 година учествувал во лажиање на натпреварот во Ла Лига помеѓу Сарагоса и Леванте.
Судот најпрвин побарал двегодишна затворска казна и шестмесечна суспензија за Ерера. Според шпанските закони секоја казна до две години за лицата на кои прв пат го прекршиле законот се претвора во условна.
Шпанските медиуми пишуваат дека истражителите од судот побарале четри годишна затворска казна на Ерера, доколку се докаже дека 28-годишниот фудбалер учествувал во „местењето“ на натпреварот.
Спорниот натпревар е одигран во 2001 година. Сарагоса успеа да го победи Леванте 2.1 и да остане во Ла Лига, додека во втортата лига се пресели Депортиво Ла Коруња.
Меѓутоа многмина се сомневаа во регуларноста на натпреварот поради што шпанското обвинителство покрена истрага, а судењето по овој случај наскоро ќе биде закажано. Дветмина играчи на Сарагоса, меѓу кои е и Ерера, наводно на играчите на леванте им платиле 965.000 евра за да им дозоволат да победат.
Покрај затворски судот бара и учесниците да бидат парично со вкупна сума од 2,9 милиони евра.
Покрај Ерера од фудбалерите кои се обвинети најпознати се актуелниот капитен на Атлетико Мадрид Габи, инаку стрелцот на двата гола за Сарагоса, потоа сегашниот напаѓач на Џирона Кристијан Стуани и Хави вехта кој ја заврши кариерата.
Лани кога прв пат се појави пред обвинителите, Габи во својот исказ навел дека не учествувал во никакво местење на натпреварот бидејќи тој неколку недели ја решил својата иднина потпишувајќи договор со Атлетико.