Top Sport

Шпанските клубови нема да рекламираат обложувалници

Шпанските фудбалски клубови од наредната сезона на дресовите нема да можат да рекламираа обложувалници. Со кралски декрет е забрането да се рекламираат обложувалници.

На своите дресови реклами на обложувалници имаат Севилја, Валенсија, Мајорка, Алавес, Осасуна, Леганес, Леванте и Гранада. Овие клубови ќе мора да си најдат други спонзори.

Шпанската влада реши да го ограничи рекламирањето на обложувалниците на телевизиите, радијата, Ју тјуб и на другите платформи. Обложувалниците ќе можат да се рекламираат само во периодот од 1 до 5 часот наутро.

Scroll to Top