Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте (63) на шега најави дека неговиот тим ќе игра против мајстор како Тони Крос.
Во морето од фантастични фудбалери, селекторот на Шпанија го посочува искусниот Тони Крос како потенцијално најопасен противник, а има интересен начин да го спречи.
„Размислувавме да му ги врземе нозете, но не сум сигурен дека УЕФА ќе ни го дозволи тоа. Знаеме како се однесува на теренот. Ќе се обидеме да му го намалиме бројот на топки и да му ги ограничиме опциите за игра. Ќе испратиме писмо до УЕФА да ни дозволи да го врзиме“, изјави Де Ла Фуенте.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид на овогодинешното Светско првенство не забележа ниту асистенција, ниту гол, но во неколку наврати им создаваше огромни проблеми на противниците на „панцерите“.
Од шпанскиот табор не се сомневаат дека така ќе биде и вечерва, па целото внимание го насочуваат кон Крос и неговите вештини на средината на теренот.
Иако домаќинот, Германија, од многумина беше однапред отпишана против подмладената „црвена фурија“.