Top Sport

Штегер брутално искрен: Болт не е подготвен да игра на највисоко ниво

Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Штегер вели дека Јусеин Болт има „многу работа пред него“ ако сака да успее на највисоко ниво во фудбалот.

Според  Штегер, било забавно да се има олимписката легенда на тренинзите на БВБ, но за да игра професионално фудбал на 31-годишниот Јамајчанец му е потребна дополнителна работа. Светскиот рекордер на 100 и 200 метри се пензионираше од атлетиката минатото лето, тренираше со гигантите од Бундеслигата поради нивниот заеднички спонзор „Пума“.

„Се работи за процедура и движење, но најважно беше што тој се забавуваше. Мислам дека е талентиран, но ако сака да игра на највисоко ниво, има многу работа пред него. Физичката подготвеност која е потребна за атлетиката е сосема различна од таа која е потребна за фудбалот. Беше вистинско задоволство да се сретне таков човек и да се работи со него“, додава Штегер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top