Top Sport

Што е ова? Навивач на Јунајтед со дрес со името на Агуеро?

Последното коло на Премиер лигата на „Олд Трафорд“ беше за заборав, откако Манчестер јунајтед ја заврши сезоната со 0:2 пораз од веќе испаднатиот Кардиф. Меѓутоа, многу „прашина крена“ еден навивач на Јунајтед со својот дрес и со името Агуеро на грбот.

Сепак, не се работи за неверојатна збрка или за поддршка за Манчестер сити во борбата за титулата пред Ливерпул.

Момчето едноставно така се вика – Леонард Агуеро и беше дојден да навива за клубот кој го сака од далечната Австралија.

Scroll to Top