Top Sport

Што е со Англичаните и акцентите? Санчо со бизарно интервју со германски акцент!

Англиската ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо го повтори „прекршокот“ на неговите сонародници Џои Бартон и Стив Мекларен, откако по 4:0 победата над Шалке во „Ревиердербито“ даде интервју во кое бизарно зборуваше англиски со германски акцент.

Санчо, долгорочната желба на Манчестер јунајтед, стана најмладиот фудбалер со 20 години, 11 месеци и 26 дена кој стигнал до 35 гола во Бундеслигата, но момчето родено во Лондон потоа даде чудно интервју со необичен акцент.

„Знаеме што сме способни да направиме иако последните недели не беа најдобро. Ги немаме резултатите кои ги посакуваме, но им покажавме на фановите дека борбата се оди до крај“, вели Санчо.

Снимката стана хит во Англија, и веднаш се потсетија на два слични случаи – прво на поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон кој имаше уште побизарно интервју додека беше фудбалер на Марсеј со лажен француски акцент, како и тренерот Стив Мекларен, кој додека беше тренер на Твенте имаше „холандски акцент“.

Scroll to Top