Клаудио Раниери помалку од четири месеци успеа да се задржи на клупата на Фулам. Италијанецот го наследи Славиша Јокановиќ со цел да му обезбеди опстанок на Фулам, но откако победи само три пати на 17 натпревари, на сите им стана јасно дека екипата од „Крејвен Котиџ“ експресно ќе се врати во Чемпионшип дивизијата.
Фулам, изминатиот викенд загубија од Саутемптон 2:0, а веднаш по тој меч Раниери доби отказ. До крајот на сезоната тимот ќе го предводи поранешниот играч на Челси и Фулам, Скот Паркер.
Тројцата тренери на Фулам имаат една заедничка работа во своите кариера.
Клаудио Раниери, во минатото го предводеше Челси (2000-2004). Прво засилување во неговиот мандат на „Станфорд Бриџ“ беше Славиша Јокановиќ, а последно Скот Паркер.
Судбината посака Раниери да го наследи Јокановиќ во Фулам, а сега на неговото место е Паркер.