Кристијано Роналдо со своите 34 години е најбрзиот напаѓач во Серија А, со брзина од фантастични 34.62 км/ч, јавува „Ла газета дел спорт“.
Според весникот, ЦР7 исто така е најбрзиот фудбалер во тимот на Јувентус во двете кола досега оваа сезона, пред Даглас Коста, Алекс Сандро и Данило. Во досегашните две кола од италијанскиот шампион, само еден фудбалер бил побрз од Роналдо, новиот бек на Наполи, Костас Манолас, кој постигнал брзина од 35.41 км/ч.
По Роналдо од следува голгетерот на Торино, Симоне Заза со 34.56 км/ч, потоа дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини со 34.46 км/ч и албанскиот репрезентативец на Аталанта, Берат Џимсити со 34.26 км/ч.