Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Ли Шарп откри детали за атмосферата во соблекувалната на тимот откако Ерик Кантона со кунг-фу удар погоди еден навивач на Кристал Палас во 1995 година.
Кантона и покрај сè што направи на фудбалските терени ќе остане најпознат по шокантниот удар над навивачот во 1995 година, по што доби долга суспензија пред да се врати на теренот и следната сезона да помогне Јунајтед да ја освои двојната титула и да стане икона на „Олд Трафорд“.
Според неговиот поранешен колега Шарп, Сер Алекс Фергусон, човек познат по својот темперамент бил неверојатно „мек“ кон Кантона, но не и со другите членови на тимот.
SHARPEY with the best ERIC story after his ? against Palace!! Enjoy!! ???? pic.twitter.com/zLzp8FKlc2
— Big Dunc (@Duncanreddevil) November 7, 2017
„Влегува менаџерот и е апсолутно бесен! Вратата се треска, јакната се соблекува, ракавите се завиткани. Му чади од ушите. Во средина на соблекувалната има клупи со дресови и топки кои чекаат на автограми. Шолји чај и сендвичи. Сè лета насекаде! Не кара и фрла со сендвичи кон нас. Ние се гледаме и си мислиме: ’Сега тешко на Кантона’. Но, тогаш тој почнува: ’Еб.н Гери Палистер, не можеш да погодиш со глава ништо, не можеш да имаше еден дуел. Инси (Пол Инс), каде еб.но си ти? Шарпи, мојата баба трча е.ано побргу од тебе. Сите сте еб.на срамота за тимот. Утре во девет наутро ќе ве уништам на тренинг’. Сите сме шокирани. И тогаш се врти кон Кантона и со потивок тон му кажува: ’И Ерик, момче, не можеш да одиш наоколу и да правиш такви работи’“, открива Шарп.