Top Sport

Што му кажал Чезаре Малдини на Фергусон кога се обидел да го донесе Паоло?

Под Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед играа многу фудбалски легенди, а многумина би сакале да бидат дел од тој славен состав. Но, не и легендата на Милан, Паоло Малдини.

Шкотската легенда признава дека многу ја ценел играта на Малдини и дека имал шанса да разговара за можен трансфер со неговиот татко, Чезаре Малдини, исто така легенда на „росонерите“.

„Се обидов да го добијам Малдини. Но, кога се сретнав со неговиот татко, тој беше лошо расположен. Добив само отсечно мафтање со главата“, се потсетува 77-годишниот Фергусон.

Иако шегата беше дека Чезаре Малдини не сакал да зборува со Фергусон, тој сега открива дека ситуацијата одела поинаку.

„Не, не ми кажа нешто: ’Мојот дедо беше Милан, мојот татко беше Милан, јас сум Милан, моите синови се Милан. Заборави на тоа’“, додава Ферги.

Малдини јуниор играше за Милан од 1985 до 2009 година со рекордни 647 настапи и со 29 голови. 50-годишниот Малдини од неодамна е директор за фудбалски развој, а во својата кариера освои седум титули во Серија А и пет титули од Лигата на шампионите. Неговиот син Даниеле беше дел од јуниорскиот тим на Милан.

Scroll to Top