Утре пред нас е големото градско мадридско дерби, во кое Реал Мадрид влегува по тешкиот 3:0 пораз од Севилја, но тоа не му пречи на капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос со чудна порака на Твитер да го најави мечот.
Рамос е свртен со грб и со двете раце покажува по три прста, најверојатно порачувајќи дека Реал Мадрид има три титули едноподруго во Лигата на шампионите. „Зборовите не се потребни“, вели Рамос.
Како и да е, тимот на Хулен Лопетеги мора да ги импресионира своите фанови по неубедливиот старт на сезоната без Кристијано Роналдо.
#RMDerbi.
Sobran las palabras.
There are no words.#HalaMadrid pic.twitter.com/HiDZJ94koU— Sergio Ramos (@SergioRamos) September 28, 2018