Top Sport

Што правеше Клоп пред мечот со Сити? (видео)

Дел од фудбалските тренери сакаат да ги гледаат противниците како се загреваат пред мечот, но менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го однесе тоа на повисоко ниво на вчерашното дерби со Манчестер сити.

Поголемиот дел од времето пред стартот на мечот, Клоп беше застанат на центарот на стадионот „Етихад“, со скрстени раце и со поглед кон ривалите. Јасно е дека ова беше обид да се играат некои ментални игри со фудбалерите на Сити, но на крајот се покажа како неуспешна тактика, бидејќи Ливерпул го забележа првиот пораз оваа сезона.

Ако сте зачудени од оваа тактика на Германецот, треба да знаете дека не се работи за прв ваков момент, како што може да се види подолу од примерите на другите мечеви – дури и против нисколигашот Честер во ФА купот.

Scroll to Top