Top Sport

Што правиш Кристијано! Португалецот на чуден начин му честиташе на Марсело

Реал Мадрид го преболе испаѓањето од Купот на Кралот со победата над Валенсија 4:1. Реал со памента игра успеа да слави на „Месталја“ прв пат по 2013 година.

Роналдо постигна два гола од пенал во првиот дел, потоа Санти Мина намали во 58.минута, а потоа Марсело и Крос со головите во последните шест минути ја заверија победата на „кралскиот клуб“.

Но она што е хит на интернет е начинот на кој Роналдо го прослави голот кој го постигна Марсело.

Додека Бразилецот славеше со соиграчите, Роналдо му пријде од зад грб и потоа му го стави прстот погледнете каде.

Scroll to Top