Top Sport

Што се случува со Џенова? Балардини се враќа иако е „ужасен тренер“?

Неверојатната сезона за клубот на Горан Пандев, Џенова продолжува, откако италијанските медиуми шпекулираат дека Грифоне размислува да го отпушти тренерот Чезаре Прандели и повторно да го повика Давиде Балардини да го спасува од испаѓање.

Џенова се на само 5 поени од зоната за испаѓање откако загубија со 1:0 дома од Торино во саботата и според „Ла газета дело спорт“, претседателот Енрико Прециози размислува да го отпушти Прандели по само 19 меча.

Прандели дојде на чело на клубот во декември 2018 како трет тренер на Џенова оваа сезона. Балардини ја започна сезоната, но беше отпуштен на 9 октомври, по што клубот врати уште еден поранешен тренер, Иван Јуриќ. Потоа, Јуриќ беше отпуштен на 7 декември пред да го викнат Прандели.

Балардини, како што е секогаш во италијанскиот фудбал, уште има договор со Џенова (тие му исплаќаат плата), но би било чудо повторно да дојде на тренерското место, посебно бидејќи Прециози кога го отпушти имаше остри зборови.

„Мислам дека тој е ужасен тренер, бидејќи во својата кариера има 13 отпуштања во 14 сезони. Само во Самбенедетесе во Серија Ц успеа да ја заврши сезоната. Лани ни помогна да опстанеме, но беше само ’чувар’ во опасната ситуација. Иако е прекрасна личност, тој не е способен да го подобри тимот“, изјави тогаш Прециози.

Scroll to Top