Top Sport

Што се случува со ВАР во Премиер лигата?

Еден ден откако на напаѓачот на Норич, Тему Пуки му беше поништен на прв поглед легален гол против Тотенхем поради офсајд, ВАР системот во англиската Премиер лига доаѓа на удар, по поништениот гол за Вулверхемптон во првото полувреме од гостувањето кај Ливерпул.

Ливерпул на полувреме заминаа со 1:0 предност, откако ВАР-системот двапати беше во функција, и тоа интересно, двапати во штета на Вулверхемптон. Ако за голот на Садио Мане за водство немаше многу коментари, за поништениот гол на Вулфс на крајот на полувремето, коментарите се најбрутални.

Слична ситуација имаше при мечот Норич-Тотенхем (2:2), кога голот на Пуки беше поништен, иако подоцна судиите објаснија дека е досуден офсајд само поради тоа што тој се „вратил“ од офсајд позиција.

Scroll to Top