Top Sport

Што се случува? Вила води против Ливерпул со 4:1 по 45 минути!

Лудата недела во Премиер лигата, која беше одбележана со 1:6 поразот на Манчестер јунајтед од Тотенхем на „Олд Трафорд“, продолжува откако по неверојатните први 45 минути на „Вила парк“, Астон вила има неверојатна 4:1 предност против англискиот шампион Ливерпул.

Човек на првото полувреме несомнено е Оли Воткинс, откако напаѓачот на Вила постигна хет-трик против „машината“ на Јирген Клоп.

Во четвртата минута, голманот на Ливерпул, Адријано направи катастрофална грешка и му ја даде топката на Џек Грилиш, кој го најде Воткинс за 1:0. Во 22. минута, Грилиш повторно му асистираше на Воткинс, кој сега постигна фантастичен гол. Откако Мо Салах намали на 2:1 во 33. минута најавувајќи враќање на „црвените“, следуваа уште два гола – ударот на Мекгин заврши во ногата на Виргил ван Дајк и во голот, пред Воткинс да го комплетира хет-трикот во 39. минута.

Scroll to Top