Атлетико Мадрид повторно не успеа да ја победи Барселона, одигрувајќи 1:1 на „Ванда Метрополитано“, но навивачите на „јорганџиите“ можеби повеќе треба да се загрижени од односите меѓу Антоан Гризман и Диего Коста.
Ова доаѓа откако камерите „фатија“ необична расправија меѓу двајцата фудбалери. Диего Коста ги загуби нервите и го обвини Французинот дека не го бранел доволно при туркањето со Самуел Умтити.
„Јас сум ти соиграч“, му врескаше Коста на Гризман и впери прст кон него.
Diego Costa vs Umtiti y por medio aparece Griezmann pic.twitter.com/SYjuyz8Zsj
— Juanxito_9 (@Juanxito_09) November 25, 2018