Top Sport

Шукер: Фаворитите страдаат поради заморот на фудбалерите

Најдобриот стрелец на Светското првенство во 1998 година, сега претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Давор Шукер, има своја теорија зошто фаворитите играат лошо на мундијалот во Русија.

Првото големо изненадување се случи во фазата по групи, актуелниот шампион Германија не успеа да мине во втората фаза. За разлика од Германците, Португалците и Аргентинците се провлекоа во осмина-финалето, но и тие како и Шпанија веќе ги завршија натпреварите.

„Нешто се случува со фаворитите. Погледнете ја формата на Аргентина, Германија, Шпанија. Ние во ФИФА и УЕФА треба да се бориме за намалување на бројот на натпреварите. Имаме премногу подготвителни натпревари, Лига на нации…знам дека се важни телевизиските права, но мора да го намалиме бројот на натпреварите“, вели Шукер.

Тој смета дека исто ќе биде и за две години кога ќе се игра Европското првенство.

„Тогаш може да се случи да играте во Баку, а потоа да мора да се вратите во Минхен. Играчите поради тоа не се среќни“, заклучил Шукер.

Scroll to Top