Top Sport

Швајцарецот Петковиќ: Со Хрватска во полуфинале, но без Србија во група

Босанскохерцеговскиот фудбалски стручњак, Владимир Петковиќ го направи најголемиот успех во својата кариера – ја однесе Швајцарија на Светско првенство.

Откако го замени Германецот Отмар Хицфелд на швајцарската клупа во 2014, и ова е второ големо натпреварување на кое ги носи по Евро 2016.

„Направивме широк тим, а швајцарскиот менталитет е да се обидат да победат и да доминираат во секој натпревар, така што амбициите се големи. Немаме поставена цел од сојузот, но во јавноста посакуваат барем четврт-финале. Мислам дека можеме да изненадиме“, вели Петковиќ во интервју за „Ал Џезира“.

Петковиќ е роден во Сараево во 1963 година, и е носител на швајцарско државјанство, иако има и хрватски и босанскохерцеговски пасош. Во играчката кариера настапуваше за Сараево, пред во 1987 да се пресели во Швајцарија и да игра за неколку швајцарски клубови (Сион, Хур, Белинцона, Локарно). Од 2012 до 2014 година беше на клупата на Лацио.

Швајцарија е втор носител исто како и Хрватска, така што со нив не може да се сретне во натпреварите по групи, а Петковиќ би сакал да ја избегне и Србија.

„Задоволен сум што не можеме да играме со Хрватска во иста група. Тие требаа да се пласираат порано, но и во баражот со Грција покажаа колку се силни. Со нив би можеле да се сретнеме во полуфинале на пример. Србија од друга страна е многу силна и го покажа тоа во квалификациите, така што би сакал да ги избегнеме и нив. Босна и Херцеговина може да жали што не играше барем бараж, бидејќи беше најсилната репрезентација во групата по Белгија. Во мај 2016 не победија 2:0 во пријателска и мислев дека работата е готова. Жал ми е што повторно се без големо натпреварување, бидејќи секогаш е убаво БиХ да биде на големите настани“, додава Петковиќ.

Реми во Базел, Швајцарија обезбеди пласман на СП

Scroll to Top