Top Sport

„Швајцарско сирење“ е одбраната на Барселона (Видео)

Лошата игра во последната линија е причината за променливите резултати на Барселона оваа сезона. Каталонците се лидери на табелата, меѓутоа никој во клубот не е задоволен од она што екипата го прикажува на теренот.

Одбраната е најлошиот дел од тимот на Барселона, а против Бетис вечера, голманот Тер Штеген капитулираше четири пати.

Барселона, во првите 12 натпревари во Ла Лигата, примила 18 гола. Неверојатно звучи податокот дека, последен пат Тер Штеген не бил совладан во второто коло и натпреварот во Ваљадолид (0:1). Во наредните десет натпревари, Барселона секогаш примила најмалку по еден гол.

Најлошата серија на клубот датира од 1998 година, кога во ерата на Луј ван Гал, Барселона примала голови на 12 натпревари по ред.

Во овој период, кога Холанѓанецот бил тренер, Барселона последен пат, до вчера, примила четири гола на домашен терен. Во април 2003 година, Депортиво Ла Коруња победиле на „Ноу Камп“ со 4:2.

И покрај 18. примени гола во досегашните 12 натпревари, Барселона ја предводи табелата во Ла Лига со 24 бода, еден повеќе од Севилја, Атлетико Мадрид и Алавес.

Scroll to Top