Top Sport

Швајни го доби најголемото баварско одликување

Бастијан Швајнштајгер е добитник на „Бајеришер фердинштордер“, или „Баварскиот ред на вредноста“, одликување за достигнувањата и придонесот кон Баварија во понеделникот.

34-годишниот Швајнштајгер ја доби наградата од баварскиот премиер Маркус Зедер пред утрешниот проштален меч на неговиот сегашен клуб Чикаго фајр со Баерн Минхен на „Алијанц арената“.

Швајнштајгер помина 17 години во Баерн Минхен, пред во 2015 година да замине за Манчестер јунајтед. Со Баерн (инаку Баварија на германски) тој ја освои Лигата на шампионите и осум домашни титули. Од март 2017 тој се пресели во МЛС лигата во тимот на Чикаго.

По орденот, Швајнштајгер беше примени во Куќата на славните на баварскиот клуб.

Scroll to Top