Top Sport

Швајнштајгер ќе потпише за српски прволигаш

Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер во јануари ќе биде слободен фудбалер, откако на 31.декември ќе му заврши договорот со Чикаго.

Искусниот Германец нема намера да стави крај на кариерата сака да се врати во Европа, а медиумите во соседството шпекулираат декаби можел да потпише договор со белградски Партизан.

Наводно двете страни биле заинтересирани да започнат соработка. Сопругата на Швајнштајгер, Ана Ивановиќ навива за Партизан. Поранешната број 1 на ВТА листата, која ја завеши тениската кариера, го наговарала сопругот да потпише за нејзиниот омилен тим.

Партизан избори пласман во нокаут фазата во Лига Европа што може да биде дополнитен мотив Швајнштајгер да ја прифати понудата од Белград.

Неодамна, Швајнштајгер присуствуваше на кошаркарското дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда, како подарок доби „црно-бел“ дрес, а самиот изјави дека е воодушевен од навивачите на Партизан.

Бастијан Швајнштајгер е поранешен фудбалер на Баерн и Манчестер јунјатед. Тој има освоено европска клупска титула со Баерн и светска титула со репрезентацијата на Германија.

Scroll to Top