Легендата на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер вели дека убаво се сеќава на сите „битки“ со најголемите ривали на Баварците, Реал Мадрид во времето кога играше за германскиот шампион.
Швајнштајгер и Баерн се судрија дури осум пати со Реал додека тој беше дел од составот, со два од четирите дуели во полуфиналињата од Лигата на шампионите. Баерн победи во осминафиналето во 2007 и во полуфиналето во 2012, додека Реал ги совлада Баерн во осминафиналето во 2004 и се одмазди со победата во полуфиналето во 2014 година.
„Да, ние бевме најголемите ривали. Луѓето сакаа да ги гледаат тие мечеви меѓу два големи клуба, а постоеше и голема почит меѓу нас. Победувавме и губевме, но секогаш уживав да играм во Мадрид“, вели Швајнштајгер во интервју за „Марка“.
За него, најдобар меч бил во 2014 година, кога блесна Анхел ди Марија. По 1:0 победата дома во 2014 година, Реал Мадрид во Минхен го „здроби“ Баерн со 4:0 за пласман во финалето, каде што ги победија Атлетико Мадрид. Ди Марија имаше две асистенции во тој меч.
„Секогаш сум ја ценел неговата игра. Се сеќавам на тоа полуфинале дома. Тој беше најдобриот“, вели Швајни.