Top Sport

Швајнштајгер: Респект за Македонија

Победата на Македонија, над Германија (2:1), силно одекна во фудбалскиот свет. Македонија, во Дуизбург, со головите на Пандев и Елмаз, забележа една од најзначајните победи во фудбалската историја.

На социјалните мрежи победата на македонските фудбалери им ја честиташе и поранешниот германски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер.

„Почит за Северна Македонија. Несреќен пенал е суден против нив, тие не добија чист пенал и овие момци сепак победија на гостувањето кај четирикратниот светски шампион. Симнувам капа“.

Бастијан Швајнштајгер во кариерата одиграл 121 натпревар за Германија, постигнал 24 гола. Тој беше член на шампионскиот тим од 2014 година кој играше на Светското првенство во Бразил.

 

Scroll to Top