Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Јане Андерсон, го објави списокот со фудбалери што ќе настапат на Светското првенство во Русија. Очекувано во тимот на Шведска за СП го нема Златан Ибрахимовиќ.
На списокот, исто така, го нема Јакоб Јохансон, кој не се рехабилитирал од повредата на коленото. Јоханосон се повреди во баражот за пласман на мундијалот, против Италија. Несреќниот Јохансон беше херојот на „трите круни“ во баражот против Италија. Шведска двомечот го доби со 1:0, а единствениот гол го постигна токму Јохансон.
Шведска на СП е сместена во Ф-групата заедно со Германија, Мексико и Јужна Кореја.
Списокот на Шведска:
Голмани: Карл-Јохан Јонсон, Кристофер Нордфелдт, Робин Олсен
Одбрана: Лудвиг Аугустинсон, Андреас гранквист, Филип Хеландер, Понтус Јансон, Емил Крафт, микаел Лустинг, Мартин Олсон
Среден ред: Виктор Клесон, Џими Дурмаз, Албин Екдал, Емил Форсберг, Оскар Хиљемарк, Себастијан ларсон, Маркус Роден, Гистав Свенсон
Напад: Маркус Берг, Џон Гвидети, Исак Кисе Телин, Ула Тоивонен.