Фудбалерите на Рома пристигнаа со воз во Фиренца, каде што ќе играат со тимот на Фиорентина, а многу интерес на социјалните мрежи предизвика фотографијата која ја споделија на која се тројца фудбалери на овој тим – Един Џеко, Александар Коларов и Никола Калиниќ.
Џеко, секако, е репрезентативец на Босна и Херцеговина, Коларов е ветеран на српската репрезентација, додека Калиниќ имаше неславно заминување од хрватската репрезентација, кога беше исфрлен на СП во 2018 пред „коцкестите“ да го освојат среброто.
Рома ќе се обиде да стигне до петтата победа во последните седум меча против Фиорентина, на кои не им оди најдобро, и да се зацврстат на четвртото место на табелата.