Легендата на Рома, Даниеле Де Роси, го исполни сонот од детството откако официјално стана член на Бока Јуниорс. Иако имаше финансиски и до пет пати подобри понуди од она што ќе го добие од Бока, тој решил на залезот на кариерата да го облече дресот на вториот клуб кој покрај Рома му „лежи на срцето“.
Самото пристигнување на Де Роси во Буенос Аирес предизвика еуфорија кај навивачите на Бока Јуниорс. Доцна синоќа тој го стави својот потпис на договорот. Големи заслуги за трансферот има поранешниот соиграч на Де Роси, Николас Бурдисо кој ја обавува функцијата спортски директор во аргентинскиот клуб.
¡Ya está en La Boca! pic.twitter.com/h2G3PPrRBi
— Boca Jrs. Oficial (desde ?) (@BocaJrsOficial) July 25, 2019
Де Роси потпишал осум месечен договор и ќе заработи 500.000 евра.
За Рома Де Роси одиграч 616 натпревари, постигнал 63 гола и забележал 54 асистенции. За италијанската репрезентација настапил на 117 натпревари и постигнал 21 гола. Со Италија во 2006 година стана светски првак.
? ¡Como en casa! pic.twitter.com/7JJ8UQZWEz
— Boca Jrs. Oficial (desde ?) (@BocaJrsOficial) July 25, 2019