Иван Ракитиќ ќе се врати во Севилја. Барселона и клубот од „Санчез Писхуан“ постигнале договор. Трансферот ќе „тежи“ помеѓу 5.000.000 и 10.000.000 евра.
Хрватскиот репрезентативец ќе си ја исполни желбата, кариерата да ја заврши во Севилја. Тој пред шест години од овој клуб за 18.000.000 евра се пресели во Барселона.
Според шпанските медиуми Ракитиќ во Севилја ќе има годишна плата од 3.700.000 милиони евра. Тој ќе биде најплатениот фудбалер во клубот. Во Барселона Хрватот заработуваше дупло повеќе.
Иван Ракитиќ во Севилја доаѓа како замена за Евер Банега кој се пресели во Саудиска Арабија.