Top Sport

Сидорф: Мурињо да се заблагодари на Милан за тоа што стана голем тренер

Ексѕвездата на Милан, Кларенс Сидорф вели дека менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо мора да му се заблагодари на Милан за тоа што станал „голем тренер“.

Милан загубија со 4:0 од Депортиво Ла Коруња во четврт-финалето на ЛШ во 2004 година, по што Порто го совлада шпанскиот клуб во полуфиналето, пред да стане шампион на Европа.

„Најлошиот пораз? Тој од 4:0 од Депортиво. Тоа беше најлошиот меч во мојот живот, дури полош од поразот во финалето во Истанбул од Ливерпул. Мурињо уште не се заблагодарил за тоа што стана голем тренер бидејќи тогаш Порто немаше шанси против Милан“, вели Сидорф.

Иронично, Холанѓанецот сега е тренер на шпанскиот клуб.

„Кога ќе влезам на ’Риазор’, уште стојат фотографиите од головите кои ни го дадоа тогаш. Ги гледам секогаш кога ќе излезам на теренот и ми помагаат да сфатам колку тој меч важеше за фановите. Милан тогаш беа супер-тим и требаше да ја освои тројната титула“, објаснува Сидорф во интервју за „Фокс спортс“.

Scroll to Top