Top Sport

Сиган: Локомотив ни пратија 10 супермодели за да не „уморат“ во текот на ноќта!

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Паскал Сиган тврди дека пред дуелот од Лигата на шампионите во 2003 против Локомотив Москва, рускиот тим се обидел да ги „фати во стапица“, односно им пратил прекрасни жени за да им ја уништат концентрацијата.

„Влеговме во хотелот во Москва и таму имаше 10 руски супермодели кои не чекаа. Седеа покрај барот. Подоцна ни кажаа дека се тука за да не уморат во текот на ноќта пред мечот. Не загубивме, и колку што се сеќавам, никој од фудбалерите не беше доволно глупав да падне во таква стапица“, вели Сиган.

Французинот го стартуваше тој меч во септември 2003 на клупата, а мечот заврши 0:0. Арсенал победи со 2:0 во реваншот, но двете екипи влегоа во нокаут-фазата. 45-годишниот Сиган имаше 98 настапи за „топчиите“ од 2002 до 2006 и беше дел од славната сезона на „непобедливите“ во 2003/04.

Scroll to Top