Top Sport

Силва ја инспирираше „фуријата“ против Костарика

Давид Силва постигна два гола за да помогне Шпанија да стигне до лесна 5:0 победа над Костарика во пријателски дуел на две пласирани репрезентации за СП во 2018 година.

Силва стигна до своите два гола, откако играчот од средниот ред имаше голема улога во првите два гола на „Ла Росаледа“ во Малага. Силва нафрли кога топката стигна до Жорди Алба за првиот гол по шест минути, пред Алваро Мората да го удвои водството откако доби топка по уште еден напад на Силва.

На крајот, Силва во 51. и 55. минута додаде два гола во мрежата на Костарика, за својот 34. и 35. гол за Шпанија во 117. меч во шпанскиот дрес. Андрес Иниеста со удар од далечина ги постави конечните 5:0.

Шпанија сега патува во Русија, каде што ќе игра со домаќинот на Светското првенство во вторник во Санкт Петерсбург.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Русија – Аргентина 0:1

Намибија – Зимбабве 3:1

Катар – Чешка 0:1

Македонија – Норвешка 2:0

Шпанија – Костарика 5:0

Scroll to Top