Менаџерот на Фулам, Марко Силва потврди дека нивниот српски напаѓач, Александар Митровиќ е нов фудбалер на саудискио Ал-Хилал откако беше најдобар стрелец на клубот четирипати во последните пет години.
„Тоа ми беше потврдено пред мечот, тој ќе замине од клубот. Време е да заврши ерата на Митровиќ во клубот. Тој направи што можеше да замине од клубот, едноставно едвај чекаше. На крајот, се дојде до договор и мораме да одиме напред. За жал, за мене како менаџер сега останува ситуацијата дека ни се потребни четири-пет фудбалери во следните 15 дена. Нема многу добри напаѓачи на пазарот на играчи и многу клубови го бараат истото“, вели Силва.