Top Sport

Симан со среден прст за навивачите на Роналдињо (видео)

Дејвид Симан очигледно уште има кошмари од Роналдињо, како што демонстрираше на доделувањето на наградите на ФИФА во Лондон во понеделникот.

Симан, легендарниот голман на Арсенал и на англиската репрезентација во кариерата освои три титули од Премиер лигата, четири од ФА купот и една од Купот на куп победници, но остана познат и по своите „киксови“, посебно со ударите од далечина.

Најим во 1995 година го „лобуваше“ од речиси половина терен во финалето на УЕФА Купот со Реал Сарагоса, нашиот Артим Шаќири му даде гол од корнер во 2002 година, а уште пославно Роналдињо му даде гол од слободен удар и ја елиминираше Англија од СП во 2002 година. Подолу може да се потсетите на трите гола.

Симан, очигледно не го заборавил тоа, откако при пристигнувањето на гала-церемонијата со својата партнерка, една група на бразилски фанови го предизвикуваа со извиците Роналдињо, и тој им врати помалку простачки.

Scroll to Top