Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по победата над Арсенал и пласманот во финалето во Лига Европа, изјавил дека тоа е првата страница од историјата на стадионот „Ванда Метрополитано“.
Атлетико, синоќа, го победи Арсенал во полу-финалниот реванш со 1-0 и со вкупен резулта 2-1 се пласира во финалето.
Симеоне, поради суспензија, натпрварот го следеше од свечената ложа.
„Овој стадион дава сила за големи победи. Ја чувствував страста на навивачите, точно знаеја кога на тимот му е потребна дополнителна енегрија од трибините. Ова е првата голема страница што е испишана во историјата на преубавиот Метрополитано“, рекол Симеоне.
Тој рекол дека не му било пријатно да седи во лоѓата, далеку од своите фудбалери, меѓутоа бил задовоелн од она што неговите играчи го демонстрирале на теренот.
„Ние го диктиравме ритамот. Без оглед на тоа што на клупата седеше човек кого го познавам цел живот, не ми беше пријатно што сум толку далеку од играчите“, дополнил предводникот на Атлетико.
По завршувањето на натпреварот Симеоне со шал во раката, од ложата, го предводеше навивањето.
Tú con nosotros, Nosotros contigo. Hasta la muerte @Simeone. pic.twitter.com/8gniCI2KSh
— Frente Atlético (@FA82Oficial) May 3, 2018