Top Sport

Симеоне: Атлетико ќе победеше да не беше Меси

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека брилијантноста на Лионел Меси е единствената разлика меѓу неговиот тим и Барселона, откако Аргентинецот го реши неделното дерби во Ла лига.

Фантастичниот гол на Меси во 26. минута беше доволен за 1:0 победа во тесниот натпревар со малку шанси, по кој Каталонците имаат прендост од осум поени пред Атлетико на 11 меча пред крајот на сезоната.

„Да го земевме дресот на Барселона од Меси и да му дадевме дрес од Атлетико сигурно ние ќе победевме со 1:0. Тој игра како што се игра на улиците“, признава Симеоне за својот сонародник.

И менаџерот на Барса, Ернесто Валверде беше импресиониран од Меси, за кого ова беше 600. гол во кариерата. Ова беше трет гол од слободен удар во три меча за Аргентинецот.

„Нема таков друг на светот. Не знам што ќе се случеше да играше за Атлетико и не сакам воопшто да замислувам. Знам дека кога бев тренер на Атлетик Билбао и кога игравме со Барселона, секогаш размислував дали Меси ќе даде гол. Кога е во твојот тим, секогаш се надеваш на победа“, вели Валверде.

Фото: ЕПА

Меси со „магичен“ 600. гол ги донесе Барса на чекор до титула (видео)

Scroll to Top