Top Sport

Симеоне: Атлетико шампиони? Во 2014 бевме подобри

Фудбалерите на Атлетико Мадрид единствени имаат максимален учинок во Ла Лига по три одиграни кола. Јорганџиите во неделата со голем пресврт успеаја да го совладаат Еибар 3-2.

Добриот старт во сезоната на Атлетико и лошиот на Барселона и Реал ги поттикна Шпанците да коментираат дека екипата на тренерот Диего Симеоне е фаворит за шампионската титула.

Аргентинецот не се согласува со ова и тврди дека екипата која во 2014 ја освои Ла Лига била посилна.

„Тоа што повторно имаме совршен старт не е важно. Тогаш во нашата екипа имавме играчи како Раул Гарсија, Тијаго, Габи, моите играчи сега се многу млади. Имам млади играчи во Томас Парти, Жоао Феликс, Томас Лемар, Ренан Лоди, Саул Нигес…“, рекол Симеоне.

„Кога ја освоивме лигата во таа сезона 2013/2014 моите играчи беа подобри, сега градиме тим за кого секој натпревар е финале“, заклучил тренерот на Атлетико.

Екипата од „Ванда Метрополитано“ во наредната рунда во Ла Лига, на 14 септември ќе гостува во Сан Себастијан, кај Реал Сосиедад.

Scroll to Top