Top Sport

Симеоне: Феликс секогаш ќе ми се лути, во иднина ќе го цени она што го направив

Жоао Феликс, вчера, во дербито на колот, со два гола му помогна на Атлетико да слави победа 3:1 кај Бетис.

Феликс, на последните четири натпревари има постигнато четири гола. Атлетико, по лошиот период, има четири победи на последните пет натпревари во Ла Лига.

„Јорганџиите“, во 2019 година, за Феликс платија 126.000.000 евра. Тој дојде на местото на Антоан Гризман.

Последните месеци, медиумите пишуваа за несогласувањата што ги има со тренерот Диего Симеоне. Аргентинецот по победата над Бетис проговори на оваа тема.

„На сите ни е потребно време. Жоао одлично работи на тренинзите. Исполнува се што барам од него. Неговиот талент никогаш не бил спорен. Сега работите се сјајни, сепак јас знам дека тој повторно ќе ми биде лут. Но кога ќе помине малку време, ќе го цени она што го направи за него“, рекол Симеоне.

Атлетико го доби Бетис, но остана без двајца играчи. Шиме Врсаљко го напушти теренот во 21.минута, а Анхел Јореа шест минути подоцна.

„Моравме да ја смениме формацијата. Во првото полувреме се мачевме да ја изнесеме топката, измените Гризман и Караско ни донесоа нови опции“.

Атлетико, во петок ќе го пречека Кадиз, а во наредниот вторник ќе гостува кај Манчестер јунатед во Лигата на шампионите.

Scroll to Top