Top Sport

Симеоне: Гризман би бил уште подобар во напаѓачки тим

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне како да се подготвува да го загуби Антоан Гризман наскоро, откако призна дека Французинот би бил „уште подобар“ доколку игра во тим каде што се игра напаѓачки фудбал.

Оваа изјава доаѓа откако агентот на Гризман изјави дека „времето во шпанската престолнина доаѓа при крај“. За 26-годишниот фудбалер силно се заинтересирани Манчестер јунајтед и Арсенал, но самиот Французин изјави дека Арсенал веќе нема шанси откако го одби еднаш претходно.

Гризман, кој има 90 гола во 178 настапи за Атлетико од доаѓањето во 2014 година, би бил уште подобар ако Симеоне нема стратегија на контра-напади.

„Ако еден ден Гризман замине од Атлетико и отиде во понапаѓачки тим, ќе биде многу подобар. Секако, бидејќи таква игра му е потребна. Секогаш го кажувам истото – ги сакам моите фудбалери. Сакам кога раснат. Не сум неблагодарна личност. Ако некој дојде и ми каже дека има животна шанса да игра за одреден тим, секако ќе му кажам дека тоа е во ред. Знам дека и Гризман ќе замине некогаш, како што заминаа Диего Коста и Арда Туран. Тој е еден од играчите кои најмногу порасна откако дојде во Атлетико. Но, пред него е потребен еден напаѓач, како Нејмар, Роналдо или Меси. Потребен му е уште еден човек да се креираат шанси“, вели Симеоне во интервју за францускиот весник „Л’Екип“.

Што и да се случи, тој е задоволен од постигнатото.

„Успеавме да го направиме подобар играч во овие три и пол години и бројките сами кажуваат. Напаѓач во Атлетико не игра како напаѓач во ПСЖ, Барселона или Реал Мадрид, бидејќи во осум натпревари за тие тимови напаѓачот ќе постигне седум гола. Атлетико ќе постигне пет. Во Атлетико, или клубовите кои се послаби од најсилните, напаѓачите мораат да работат дополнително. Да кажам поинаку – Нејмар, Меси, Левандовски и Роналдо се фудбалери на одлука. Нивната дефанзивна работа не е толку важна. Сите други мораат да работат повеќе“, вели Симеоне.

Симеоне: Семејството се сака до смрт, а Гризман е дел од семејството

Scroll to Top