Top Sport

Симеоне јуниор го исфрустрира Интер во Фиренца (видео)

Фиорентина успеа да го спречи Интер да дојде до првата победа на „Артемио Франки“ од февруари 2014 година, откако Џовани Симеоне постигна гол во 91. минута за да обезбеди 1:1 реми за „Виола“.

Фиорентина имаше многу повеќе шанси во првото полувреме, преку Џовани Симеоне и Сирил Теро, но не успеаја иницијативата да ја пренесат во голови. На крајот, одличната реакција на капитенот на „нераѕурите“, Маури Икарди беше доволна за Интер да е понадева на победа по четири натпревари во Серија А, меѓутоа синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не мислеше така со својот седми гол оваа сезона.

Со поенот, Интер остана на третото место во Серија А со 42 поени, шест помалку од лидерот Наполи и пет помалку од второпласираниот Јувентус (двата тима имаат натпревар помалку), а Фиорентина е на осмото место со 28 поени, откако во осми натпревар во низа останува непоразена.

Scroll to Top