Top Sport

Симеоне ќе остане без првиот помошник

Помошникот на Диего Симеоне, Герман Бургос, ќе го напушти стручниот штаб на Атлетико Мадрид, пишува „Марка“.

Бургос заедно со Симеоне пристигна во Атлетико кон крајот на 2011 година. Овие двајца имаа исклучително успешна соработка клубот освои два трофеи во Лига Европа, два во Суперкупот на Европа и по еден трофеј во Ла Лига и Купот на Шпанија

„Марка“ објави дека местото на Бургос ќе го заземе поранешниот лев бе ка Арсенал и Интер Нелсон Вивас.

Вива му бил помошник на Симеоне во Аргентина во Естудијантес, Ривер Плата и Сан Лоренцо, но кога тренерот се пресели во Европа тој остана во татковината да гради самостојна кариера.

Scroll to Top