Top Sport

Симеоне ќе си ја намали платата (инаку најголема на светот) и ќе остане во Атлетико?

По многубројните шпекулации дека Диего Симеоне ќе си замине од Атлетико Мадрид на крајот на сезоната, сега од Шпанија пристигнувата вести дека популарниот „Чоло“ останува и следната година.

По испаѓањето во Лигата на шампионите во групната фаза и елиминацијата во Копа дел реј од Реал Мадрид, Симеоне беше под притисок, но по Светското првенство во Катар, „рохибланкос“ скокнаа на третото место во Ла лига, и во моментов се во серија од седум меча без пораз.

Според „Спорт“, Симеоне планира да го исполни својот договор со клубот и да остане и следната сезона, но е подготвен да ја намали својата плата, која е највисока на светот – од 20 милиони евра на 16.5 милини евра поради неочекуваното губење на парите од европскиот фудбал.

Scroll to Top