Top Sport

Симеоне: Луис Суарез е клучниот човек за Атлетико

Луис Суарез успева да го извлече максимумот од своите соиграчи Анхел Кореа и Жоао Феликс, вели тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, посочувајќи го уругвајскиот напаѓач како клучен играч за неговиот тим.

Суарез има постигнато четири гола во седум меча откако дојде од Барселона во септември, откако не постигна гол при 3:2 победата над Ред бул Салцбург и беше одморен при 3:1 победата над Осасуна минатиот викенд, а на негово место Жоао Феликс во двата меча постигна по два гола. Кореа имаше по една асистенција во двата меча, но Симеоне вели дека Суарез е одговорниот.

„Мислам дека тоа е поради присуството на Суарез. Со Диего Коста и Алваро Мората пред него, тие се одлични фудбалери, но  бараме поинакви квалитети. Луис го прави тоа што е потребно и мора да се адаптираме на него“, вели Симеоне пред утрешниот меч со Локомотив Москва во Лигата на шампионите.

Scroll to Top