Атлетико Мадрид во вторник повторно ќе се судрат со својот стар ривал, Кристијано Роналдо, но тренерот Диего Симеоне инсистира дека во Италија гостуваат кај Јувентус и посочи дека нема да се фокусираат на индивидуални фудбалери.
„Кристијано е шампион и не можеме да кажеме ништо поинаку. Тој е број 1, посебен играч и секогаш ја прави разликата на теренот. Меѓутоа, тука не се работи за дуел на Роналдо против Атлетико, бидејќи пристигнавме да играме со Јувентус“, изјави Симеоне.
Минатата година, Јувентус успеа да го елиминира Атлетико во четврт-финалето на Лигата на шампионите, токму благодарение на Роналдо во интересен дуел, кој беше одбележан со помалку непристојните гестови кон своите навивачи токму од Симеоне и Роналдо.
Сега Симеоне не сака да прави калкулации околу пласманот во нокаут фазата.
„Имаме свој начин на работа, размислуваме за утрешниот меч и за тоа кој резултат ќе ни донесе задоволство. Потоа ќе размислуваме за следните мечеви и за квалификувањето. Јувентус е силен противник, со моќен тим и тренер кој има посебен стил“, додава Симеоне.